Возач од Корошишта фатен како управува возило и покрај забрана – автомобилот одземен
На 5 февруари 2026 година околу 9:25 часот, полициски службеници при сообраќајна контрола на регионален пат во близина на струшкото село Драслајца сопреле патнички автомобил марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.С. (33) од селото Корошишта.
При контролата било утврдено дека возачот управувал моторно возило и покрај тоа што претходно му била изречена мерка забрана за управување со моторно возило од Б-категорија, во времетраење од четири месеци.
По насоки на надлежен јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

