Возач од Радолишта приведен поради управување со активна забрана
На 15.02.2026 година во 17:32 часот, на магистралниот пат Струга–Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.Д. (31) од струшкото село Радолишта.
Како што информираат од полицијата, при редовна сообраќајна контрола било сопрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. При извршената проверка било констатирано дека тој имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот, против Е.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

