Возило излета од магистралниот пат Кичево-Охрид

- Локални, Хроника
868

На 10.03.2025 во 22 часот, на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу селата Ботун и Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто” со охридски регистарски ознаки”, управувано од Е.С.(30) од с.Коњско, охридско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари