Возило излета од патот кај туристичкиот комплекс „Инекс“, повредени две лица од Струга и Охрид

- Локални, Хроника
1797

На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(24) од селото Луково, струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка Г.Д.(32) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари