Неодговорни поединци синоќа запалиле една од палмите засадени пред Општина Струга.
– Навремената реакција од страна на ТПЕ-Струга го спречи ширењето на огнот. Не е прв пат да се случува ваков вандалски чин, и истото мора да се осуди, реагираат од Општина Струга, од каде ги повикуваат сите граѓани, да ја зголемат свеста за општественото богатство и да ги пријавуваат ваквите случаи до инспекциските служби или до локалната полиција.
Пред само една недела беше запалена палма на кејот „Македонија“ во Охрид, а во август минатата година настрада палма во центарот на Струга.
извор: Општина Струга фото: Општина Струга
Facebook Коментари