Жител на Велешта со возило удрил во постара жена од Прилеп во Струга

- Хроника
347

На 22-ри мај 2022 година, околу 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улица „Владо Малески“, патничко моторно возило марка „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 21-годишниот Р.В. од селото Велешта, удрило во 72-годишната Љ.Н. од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирана во Општата болница во Струга. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари