„Денториа“ со нов современ дом – отворање на новата локација во Охрид
По многу труд, љубов и посветеност, стоматолошката клиника „Денториа“ Охрид ги отвори вратите на својата нова, современа локација – простор создаден за максимална удобност и врвно пациентско искуство.
По тој повод, денес од 12:00 до 18:00 часот, „Денториа“ организира настан „Dentoria Open Day“, на кој сите заинтересирани ќе имаат можност да ги посетат новите простории, да се запознаат со тимот и да дознаат повеќе за услугите и иновативниот пристап на клиниката.
„Следејќи ги внимателно новите технологии, ние сме тука да понудиме најдобри и најпрецизни решенија за третман на нашите ценети пациенти,“ велат од стоматолошката клиника „Денториа“.
Во новиот простор, „Денториа“ функционира како стоматолошка поликлиника на примарно и секундарно ниво, нудејќи целосен спектар на стоматолошки услуги. Главен акцент се става на денталните импланти, како и на специјалистичката поликлиника по Пародонтологија, каде се третираат заболувањата на непцата со најсовремени методи и технологии.
Клиниката располага со најнова дијагностичка технологија, вклучувајќи 3D рентген – компјутерска томографија (CBCT) за најпрецизна дијагноза и планирање на третмани, како и дигитално земање на отпечатоци со 3Shape TRIOS 5 интраорален скенер, кој овозможува максимална точност и комфор за пациентот.
Професионалниот тим со меѓународно искуство, современите методи на анестезија за безболно искуство, и континуираната едукација во чекор со светските трендови во стоматологијата, ја прават „Денториа“ вистински центар на доверба, квалитет и професионализам.
Особено гордост претставува специјалистот Д-р Ертан, основач на „Денториа“, кој е дипломец на Стоматолошкиот факултет во Истанбул, со повеќе од 15 години професионално искуство во областа на денталната имплантологија и магистер на науки по орална хирургија.
Неговото искуство, прецизност и посветеност на деталите се темел на успехот и довербата што „Денториа“ ја гради со години.
Со илјадници задоволни пациенти низ годините, „Денториа“ останува симбол на современа стоматологија, професионализам и човечка грижа.
Новата локација на стоматолошката клиника „Денториа“ е Булевар Туристичка 95, Охрид, телефони за контакт : 078 232 262 и 046 200 600.
StrugaOnline

