Лев банер Десен банер

Мирза Селимовиќ со ексклузивен настап овој петок во INclusive Охрид

Љубителите на добрата музика на 17 јули (петок) ќе имаат можност да уживаат во настапот на еден од најпопуларните регионални изведувачи, Мирза Селимовиќ, кој ќе настапи во INclusive во Охрид.

Публиката ќе може во живо да ги слушне неговите најголеми хитови, како и песните што му донесоа голема популарност низ целиот регион. Организаторите најавуваат вечер исполнета со одлична атмосфера, квалитетна музика и незаборавно дружење.

Вратите на клубот ќе бидат отворени од 23:45 часот, а поради очекуваниот голем интерес се препорачува навремена резервација.

За повеќе информации и резервации, заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број +389 71 232 808.

StrugaOnline

error: