Отворена е најсовремената стоматолошка ординација во Струга – Ирис Дент
13.11.2024 1842 ViewsСподели
Отворена е најсовремената стоматолошка ординација во Струга – Ирис Дент, лоцирана на улица Струшки Кепенци бр. 1.
Стоматолошка ординација „Ирис Дент“ е опремена со најнапредна технологија, подготвена да ви понуди врвна стоматолошка грижа во следниве области:
Општа стоматологија – Превентивна и ресторативна стоматологија за одржување на вашето орално здравје.
Естетска стоматологија – Процедури за подобрување на изгледот на вашата насмевка, вклучувајќи избелување на заби, композити и многу повеќе.
Клиниката е под водство на Д-р м-р Надица Ѓоршески, општ стоматолог и специјалист за естетска стоматологија, посветена на креирање блескави насмевки со внимание на секој детал.
„Ве покануваме да ја посетите нашата нова локација и да искусите стоматолошка нега на највисоко ниво, тука сме да се погрижиме за вашето орално здравје и убавина“. – велат од тимот на „Ирис Дент“.