Лев банер Десен банер

Пицерија РОМА одбележува 30 години традиција со 30% попуст на целото мени

Пицерија РОМА, сместен во самиот центар на Струга, годинава одбележува значаен јубилеј – 30 години постоење и посветеност на квалитетната храна и автентичниот вкус. Основан во 1996 година, РОМА со децении е препознатлив симбол на гастрономската традиција и омилено место за бројни генерации стружани и посетители на градот.

По повод јубилејот, Пицерија РОМА подготви специјална понуда за своите гости – 30% попуст на целото мени, како знак на благодарност за долгогодишната доверба и лојалност. Попустот важи до крајот на јануари, што ја прави оваа понуда идеална можност за уживање во омилените специјалитети по празнични цени.

„30 години квалитет, 30 години вкус, 30% попуст за вас“ – пораката со која РОМА го слави својот јубилеј, потврдувајќи дека традицијата и добрата услуга остануваат нејзин заштитен знак.

Пицерија РОМА се наоѓа на плоштад Револуција во Струга, а повеќе информации и резервации се достапни на телефонскиот број 046 782 625.

StrugaOnline

error: