На 22 Април 2017, во Метрополис Арена, со почеток во 20 часот сите љубители на фолклорната музика ќе имаат можност да уживаат во вистински спектакл.
Станува збор за редок и значаен музички настан на Петрески, славенички концерт на неговите 30 златни години исполнети со песни, хитови, успеси, награди, фестивали, аплаузи!
Програмата на концертот, на кој легендата ќе ги испее своите антологиски песни, придружен од петнаесеттина врвни музичари на народен оркестар, ќе биде збогатена и со музички гости, звучни пејачки имиња. Во негова чест на сцената овој пат ќе запеат- Meрима Његомир, Виолета Томовска, Зуица Лазова, Румјана Попова,Димитар Димитров- Градевец, Ѓоко Таневски, Јоце Панов и други.
За Наум песните повеќе кажуваат од зборовите- познат и признат на балканските простори, обожаван од сите љубители на добрата народна песна, а како круна на неговата успешна 30 годишна кариера на македонската и балканска сцена, се случува и овој јубилеен концерт, кој може слободно да го наречеме – јубилеј со златни песни!
По тој повод денеска (петок, 7. 04. 2017), во 12 часот, во Рибниот ресторан Лихнидос, Охрид Наум Петрески и организаторот „Авард Промотион“ организираат новинарска дружба на кој официјално ќе бидат соопштени сите информации и детали за овој значаен и неповторлив музички настан.
Facebook Коментари