Лев банер Десен банер

„Баклава“ го претставува новото музичко видео за песната „Тиркиз“

По успешната концертна промоција на новиот албум,  во петокот во МКЦ, групата Баклава  го презентира новото музичко видео за песната „Тиркиз“.

Видеото е изработено од продукцијата на „091“, и режијата е на Јана Мишо. Шминката ја направи Ирена Сенокозлиоска.

Музика: Елена Христова, текст: Сибо.

Музичари: Елена Баклава – вокалиДејан Теодосиевски – виолон-челоДраган Стојковски – бас гитара, Игор Стевковски – тапаниЏенгиз Ибраим – канонПетар Христов – кларинет, Трајче Ристов – тарабука

 Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на драгиот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното крајбрежје на југот.

Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски…

 Описно овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13те бои од албумот:

Следуваат настапи за промоција на новиот звук на Баклава. Најпрво би ја издвоиле промоцијата на крајот на март на винилното и ЦД издание кое е издадено од Берин, но е исто така под покровителство на Арс Ламина и во нејзините продавници ќе можете да си набавите грамофонска плоча и компакт-диск.

Од поважните настапи го издвојуваме учеството на овогодинешниот Оффест, во јуни.

 

Strugaonline

error: