Боби Мојсоски со успешен настап во Варна, како специјален гостин на фестивалот „Откритие“

Mладиот Боби Мојсоски настапи како специјален гостин на интернаионалниот фестивал „Откритие“ кој се одржува во Варна, Бугарија. Мојсовски е познат за публиката во Варна откако во 2011 година на истиот фестивал ја освои наградата „Златен клуч“ за Најдобра вокална интерпретација и трето место за најдобра песна.
Како единствен претставник од Република Македонија, тој се претстави со авторските песни „Те краде тој“ и „Погледни во мене“, а на барање на публиката, ја испеа и „I want it all“ на групата Queen.

