Brass Brothers и MIYATTA го претставуваат својот прв заеднички проект: “I Wanted More”

- Музика
281

Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви ја претставува најновата песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка MIYATTA.

Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на MIYATTA.

„Ни беше задоволство да соработуваме со MIYATTA . Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба“,  изјавија од Brass Brothers.

Оваа песна е најава за концертот на MIYATTA на 15-ти мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал.

Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Brass Brothers, „We Are Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.

Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска.

Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев.

„I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.

 

Facebook Коментари