По неверојатниот глобален успех што го постигна со новите синглови што ги објави на 6 јануари, Ед Ширан сега продолжи да ги радува своите фанови со добри вести.
Неговиот хит „Shape of You“, беше и хит на неделата на најдоброто Плеј Радио од Струга.
Ед објави преку социјалните мрежи дека датумот на излегување на новиот албум „Divide“ е 3 март 2017 година.
Само една недела по објавувањето на сингловите Shape of You и Castle on the Hill, Ширан е на првото место на повеќето светсли топ листи, а публиката со нетрпение го очекуваше и излегувањето на новиот албум.
„Здраво 2017 година. Работев напорно на новиот материјал и се надевам дека ќе бидете возбудени за тоа колку што сум и јас возбуден. Вистински сакав да ги покажам двете различни страни на мојата музика околу која сум подеднакво пасиониран и затоа сакав да објавам две песни во исто време. Исто така, неверојатно сум возбуден затоа што се враќам на музиката“ – изјави Ширан за двата нови синглови.
Facebook Коментари