КАРОЛИНА СО „ИЗВОР“ НА ПРОМОТИВНА ТУРНЕЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА!

- Музика
2161

После успешните концерти во Скопје, Охрид и Битола, Каролина Гочева ја продолжува концертната турнеја низ Македонија со која го промовира новиот албум насловен како „Извор“.

Каролина заедно со нејзиниот бенд на овој дел од турнејата ќе настапи во Тетово, Гостивар, Куманово, Струмица и Штип, на следниве дати:

21 април- Дом на култура „Иљо Антевски- Смок“, Тетово
24 април- Дом на култура „АСНОМ“- Гостивар
06 мај- Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово
07 мај- Дом на култура „Ацо Шопов“- Штип
10 мај- Дом на култура „Антон Панов“- Струмица

На концертите ќе бидат изведени најновите нумери од „Извор“, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Билетите по цена од 450 денари, ќе бидат пуштени во продажба веднаш, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на веб страницата на ККЗС.

Strugaonline

Facebook Коментари