Купете албум од ДНК, да ги поддржиме македонските музичари

– Сите се наоѓаме во исклучително тешка состојба, а нашата дејност е можеби и најпогодената во целава ситуација. Нас како ДНК (Панчо и Андреј) единствената егзистенција ни доаѓа исклучиво преку музиката, поентата на ова наше обраќање не ни е да се жалиме бидејќи знаеме и свесни сме дека има семејства, фамилии и луѓе кои се во многу полоша состојба од нашата, туку сакаме да ја подигнеме свеста за ПОДДРШКА на македонската музика и воопшто уметноста во овој исклучително тежок период за сите артисти преку купување на нашите дела за сите оние физички лица и фирми кои се во можност и кои на некој начин сакаат да не поддржат во овој период. Иако имаме 5 албуми се одлучивме да го ставиме нашиот последен албум “THE BEST OF” ( ексклузивно издание ) и ДВД изданието од нашиот последен концерт во Метрополис арената од 2017 година по повод 15. наш роденден , велат Панчо и Андреј.

