Brit Awards 2017 во знакот на легендата David Bowie

- Забава, Музика
1278

Годинава признанијата за најдобар пејач и за најдобар албум на Британските музички награди ги доби Дејвид Боуви, кој почина во јануари минатата година.

Наградата наместо Боуви ја прими Мајкл К. Хал, ѕвездата од мјузиклот „Лазар“, за кој музиката ја пишуваше токму Боуви, а потоа ја презема синот на Дејвид Боуви, Данкан Џоунс.

Признанија добија Леонард Коен, кој почина минатата година и Џорџ Мајкл, кој почина на Божик на 53 годишна возраст.

Британскиот соул-музичар Рег ен Боун Мен, си замина дома со две награди, награда од критичарите и награда за најголемо напредување.

Емили Санде ја освои наградата за најдобар женски изведувач на годината, Адел ја освои наградата за глобален успех, за Брит икона беше прогласен Роби Вилијамс, а групата „Little Mix“ ја доби наградата за најдобриот сингл на годината за песната „Shout out to my ex“.

Брит награда доби и Дрејк за меѓународен соло изведувач, Бијонсе, за најдобра странска пејачка, за најдобра странска група беше прогласена „A tribe called quest“, групата One direction освои Брит награда за најдобро видео, додека за најдобра група беше прогласена „The 1975“.

Facebook Коментари