Македонската пејачка Анита Мицова, на денот на виното и љубовта, ја претставува својата нова песна „Биди добар“.
Во оваа балада, чии автори се Весна Малинова и Кирил Бабамов, свој удел во инструменталниот дел има еминентниот музичар Ратко Даутовски, а песната си доби и спот, зад кој застана Даниел Јовески.
„Со песната, со спотот, односно со целиот овој проект, креативноста во него, сакавме да ја пренесеме мојата порака „со љубов, за љубов“, а тоа најубаво се прави преку музиката и преку видеото за неа. Не случајно за тоа е избран и овој ден, кога ги славиме виното и љубовта“, – вели Анита.
Оваа година се очекува и промоција на албумот со наслов „Ти сум Јас“.
Погледнете го видео записот на „Биди Добар“ на „Анита Мицова“:
Facebook Коментари