Плодната 2017 Ај Кју решија да ја заокружат со четвртиот сингл за оваа година насловен „Можам но не сакам“. Овој сингл е во продолжение на „Најдобар“, „Мојот Крал“ и „Колку добро те знам“. Песната е авторско дело на Бојан Трајковски кој ја напиша музиката и текстот, а за аранжманот ги здружи силите со Дарко Димитров. Снимена е во студиото Music House и студио „Димитрови“ и е дел од третиот албум „ Сепак ми е забавно“.
Strugaonline
Facebook Коментари