Лев банер Десен банер

Охриѓанката Симона Поповска со нова летна песна со наслов „Ловец и плен“

Охриѓанката Симона Поповска со нова летна песна со наслов „Ловец и плен“.

Со Ловец и плен“ Симона Поповска прави чекор напред, не само на музички план, туку и емотивно, зашто композицијата го отвора внатрешниот монолог на една жена која повторно се наоѓа во циклусот на разочарување, но овојпат гледа со отворени очи.

Зад песната, инаку во афро-хаус стил, како автор се потпишува познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, чии се музиката, аранжманот, миксот и мастерингот.

Текстот, пак, напишан од Робин Зимбаков, е полн со реални, директни реченици кои ги живееме сите. Нема глумење, нема романтични клишеа, ова е женски глас што вели: Не барам многу, само сакај ме.

-Текстот зборува за тоа кога си уморен од игри, од лажни фасади, од луѓе што те проценуваат, а не те познаваат. Понекогаш си лавица, понекогаш плен. Но на крај сакаш само едно да си сакан, вели Симона.

Видеото за „Ловец и плен“ е работено под режисерската палка на Крсте Шупев, а кадрите се снимени на магичното зајдисонце во Сани Бич, Грција, и го следат истиот наратив жена сама на плажа, со сопствените мисли, движења и сенки. Поглед кон хоризонтот, но и поглед внатре во себе.

Симона во видеото се појавува во неколку модни комбинации, кои го истакнуваат нејзиното извајано тело. За шминката и фризурата се погрижи Даниел Николовски, а покрај неа се појавуваат и моделите од Макс моделс, Ава и Љубица. Модерен, естетски моќен спот кој совршено го надополнува аудио светот што го создаде Ерик.

StrugaOnline

error: