Лев банер Десен банер

Синоќа беа доделени музичките награди „Билборд“, ова се наградените sвезди

Синоќа во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас се одржа доделувањето на „Билборд“  музичките награди за оваа година.

На оваа престижна манифестација Ед Ширан е прогласен за најдобар уметник . Џенет Џексон го доби престижното признание  за „Билборд икона за 2018 година“,  а ова за неа беше прв телевизиски настап после девет години.

Дел од наградените музичари се и:

Калид -најдобар нов изведувач

Камила Кабелјо -достигнување на музичките-листи,

Тејлор Свифт- најдобар женски изведувач

Imagine Dragons -најдобра група

Кендрик Ламар -најдобар рап-изведувач

На доделувањето на Билборд наградите со свои настапи одлично шоу приредија BTS, Дуа Липа, Аријана Гранде, Диџеј Калед, Марен Морис, Фарел Вилијамс, Џенифер Лопез и уште многу други познати ѕвезди.

Strugaonline

error: