Дека Струга како град секогаш имал таленти, тоа го докажуваат и близнаците кои се враќаат на сцената со трап звук, директно од Струга со нова група насловена како “DATWiNZ”.
Со музика се бават уште од 2011 како тројка под името Уличен Аспект. Досега имаат четири видео записи на каналот “you tube”. Во оваа постава настапувале низ Охрид, Струга, Битола, Скопје, а во 2011 на фестивалот Канео во Охрид освоиле и трето место од жири за најдобар сценски настап.
Тие за во иднина најавија да очекуваме многу соработки и проекти и дека полека го спремаат и нивниот прв албум. Се надеваме дека ке ги гледаме со некој нивни настап по клубовите…
Во продолжение проследете ја нивната нова песна и уживајте…
Директно од Струга за секој хејтер и другар, “DATWiNZ” . . . . “Struga Reprezent”
Facebook Коментари