За сите љубители на квалитетната музика, Гаро Тавитијан го промовираше својот најнов сингл насловен како „Ocean Dream“, а од вчера јавноста може да го погледне и видео – спотот кој е поставен на youtube каналот. Вокалната интерпретација на оваа тема изведена од страна на американската пејачка Паула Чарлестон воодушевува со својата музичка раскошност.
Музиката, аранжманот и текстот на „Ocean Dream“ се авторско дело на Гаро Тавитјан, додека, пак, зад видеоприказната се потшишува Александар Ристовски-Принц.
Спотот за оваа тема е сниман на интересни локации, односно на мермерното езерце, кое се наоѓа во близина на Прилеп
Facebook Коментари