По успешното претставување на „Sвездичките на пинк“ минатата година, Мартија Станојковиќ покажува сериозни чекори кон градење на музичката кариера. Иако има само 13 години, Мартија до сега покажа вонсериски музички талент. Нејзината најнова песна се вика „I Don’t Know Your Name“, и стилски целосно го опишува музичкиот карактер на оваа млада и талентирана девојка.
Песната е авторско дело на Александар Масевски.
„I Don’t Know Your Name“ e втора песна на Мартија Станојковиќ, а со нејзината прва песна насловена како „Love will lead оur way“ ја претставуваше Македонија на детскиот Евросонг минатата година во Малта.
Facebook Коментари