(ВИДЕО): Претставена е до сега необјавена песна на Џорџ Мајкл

- Музика
945

Радио BBC 2  вчера ја претстави необјавената песна на Џорџ Мајкл, околу осум месеци после смртта на поп sвездата. Продуцентот на Мајкл, Ни Роџерс  изјавил дека на синглот работел со помешани емоции, со солзи но и многу радост и љубов.

Насловот на песната е “Fantasy”, и веќе е поставен на youtube каналот.

Џорџ Мајкл почина на 25-ти декември 2016-та година во 54-та година од животот. Погребан беше дури на крајот на март во Сверен Лондон, а претходно се спроведе детална истрага за причините за смртта кои потврдиле дека починал од природна смрт.

Со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук, Џорџ Мајкл во последните години од својот живот живееше повлечено подготвувајќи нов албум и автобиографски документарен филм.

Facebook Коментари