(ВИДЕО) Влатко Лозаноски – Лозано ја објави новата песна „Купи ме“
Македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано ја претстави својата најнова песна со наслов „Купи ме“, со која уште еднаш го потврдува својот препознатлив музички стил и емоционален израз.
Станува збор за свежа и искрена нумера, која носи силна емоција и модерен звук, карактеристичен за Лозано, а веќе по првото слушање лесно може да ја пронајде својата публика. „Купи ме“ е песна што се вклопува во актуелниот музички момент, но истовремено го задржува автентичниот белег на еден од најпопуларните домашни изведувачи.
Објавувањето на новата песна доаѓа како увертира за големиот солистички концерт на Лозано, кој ќе се одржи на 7 март во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Концертот се најавува како вистински музички спектакл, со богата продукција и изведба на најголемите хитови од кариерата на пејачот, како и нови песни.
Видеото за „Купи ме“ можете да го погледнете во продолжение:
StrugaOnline

