Најголемиот Христијански празник Велигден не може да се замисли без од кафулињата низ Македонија, а и од ноќните клубови да се слушне култната „На Велигден сум се заљубил“ од Џина Папас Џокси. Оваа година ќе се слуша преработена, во изведба на Пепа Димитрова.
Станува збор за модерна, етно-џез верзија, “од женски агол“.
Претходно, оваа песна ја преработи Ламбе Алабаковски, а ова е прв пат да добие нова верзија од женски изведувач.
Facebook Коментари