Здравко Чолиќ најдобар во Европа

- Музика
1132

Новата песна на Здравко Чолиќ, Мала е на врвот на листата ТОП 20+5, во конкуренција на изведувачи од цела Европа.

Порталот кој обединува милиони фанови на најголемата европска музичка манифестација ја влиста новата песна на Чолиќ “Мала” на листата “ТОП 20+5” новитети.

Иако на Евровизија настапуваше во далечната 1973 год., со песната “Гори ватра”, евровизиските фанови ширум целиот свет непрекинато го следат Здравко Чолиќ и неговата работа.

Благодарение на гласовите на сите оние кои ја сакаат новата песна на популарниот Чола, од денес актуелниот сингл “Мала” e на прво место на топ листата.

Зад себе на листата Здравко остави бројни популарни имиња како овогодинешниот победник на Евровизија Салвадор Собрал, Хелена Папаризу, Лара Фабиан, Руслана и други.

Новиот сингл “Мала” Чолич го објави на својот роденден, на 30ти мај, а спотот за оваа песна, во кој една од улогите ја има познатата глумица Јелена Гавриловиќ, собра голем број позитивни коментари.

Се радувам и многу ми е драго што за мојот роденден ќе и подарам на публиката нова песна и спот. Во план е оваа есен да биде објавен 15тиот студиски албум, а ова е прва песна од новиот албум која ја претставувам, која ја работев со моите долгогодишни соработници – изјави тогаш Чолиќ.

Сега е јасно дека новиот албум на најголемата музичка ѕвезда ќе ја заинтересира не само регионалната туку и светската јавност.

Facebook Коментари