LTH Леарница Охрид вработува електро и машински одржувачи

LTH Леарница Охрид вработува електро и машински одржувачи

Во ЛТХ Леарница бараме нови соработници во одделот за одржување. Ако барате работа во работна средина која се соочува со големите предизвици на современото време во автомобилската индустрија и е фокусирана на континуиран напредок, ова е една од подобрите можности за вас во моментов.

ЛТХ Леарница постојано инвестира во развој и технологија, со што на тимот за одржување му нуди постојани можности за кариерен, но и личен развој на поединецот. Нашите вработени секогаш работат со современа и технолошки напредна опрема во целата продукција и во сите работни процеси.

Според современите трендови во индустријата и одржливиот раст на производството, ставаме голем акцент и на LEAN организацијата на производството, која преку хоризонтален начин на водење на секој поединец му нуди и овозможува поголема лична одговорност, како и можности за влијание и донесување одлуки во работниот процес. Одделот за одржување е еднакво вклучен во овој начин на организирање на работата.

Ваши одговорности:

  • Дијагностицирање и отстранување на застои во производството.
  • Превентивно одржување на машини и уреди.
  • Замена и нарачка на резервни делови.
  • Дневно известување за застои и дефекти.
  • Соработка при подобрување на работните процеси во производството.

Знаења и компетенции потребни за исполнување на работната позиција:

  • IV, V или VI степен на образование од електротехника, мехатроника, машинска или друга соодветна техничка насока.
  • Познавање или подготвеност за учење читање на електрични, хидраулични и пневматски шеми и нивните елементи.
  • Основно познавање на машински елементи.
  • Способност за пронаоѓање алтернативни решенија во непредвидени ситуации.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Подготвеност за тимска работа и изразена желба за професионален напредок.
  • Подготвеност за работа во смени.

Можности за дополнителна едукација:

  • Работа и одржување на лиечки машини Bühler.
  • Работа и одржување на CNC машини за обработка на метали (Heller, SW, Grob итн.).
  • Работа и одржување на индустриски роботи (ABB, Yaskawa).
  • Можност за посетување на курс по странски јазик.
  • Можност за продолжување на школувањето со финансиска поддршка од компанијата.

Нудиме:

  • Редовна и стимулирачка месечна плата.
  • Долгорочно и сигурно вработување во компанија со 75-годишна традиција во автомобилската индустрија.
  • Можност за личен и професионален развој во динамична работна средина.
  • Обезбеден оброк на локацијата.
  • Паркинг во непосредна близина на фабриката.
  • Учество на различни спортски настани

Работната позиција бара користење заштитна опрема, се работи 40h неделно/ 8h дневно. Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – Производни погони

Аплицирајте на тука www.lthcastings.com/careers

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

StrugaOnline

Facebook Коментари