LTH Леарница Охрид вработува техничари во мерна лабораторија, пријавете се!

LTH Леарница Охрид вработува техничари во мерна лабораторија.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно стручно образование – техничка насока.

СПОСОБНОСТИ

  • Прецизна комуникација вербална и дигитална, логика и аналитика.

ОДГОВОРНОСТИ

  • Извршување мерења на алатите за леење под висок притисок и одлеаноците со помош на 3D машини за мерење;
  • Извршување на класични мерења;
  • Мерења за сериско производство и PPAP документација;
  • Мерење на способноста на процесите и машините со статичка обработка;
  • Изработка на програми за мерење;
  • Грижа за чисто и уредно работно местo.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Задолжително носење заштитна опрема, работа во смени, 40 часа неделно/8 часа дневно во производните капацитети на компанијата. Работа по стандарди IATF 16949; ISO 14001; ISO 50001 и ISO 45001.

Вашите апликации можете да ги испратита на линкот https://www.lthcastings.com/default.asp?mid=en&pid=employmentopportunities  најдоцна до 30/06/2022 година и во најскоро време само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални апликации да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120  дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Facebook Коментари