LTH Леарница вработува оператори на ЦНЦ машини

LTH Леарница вработува оператори на ЦНЦ машини

Главни задачи на избраниот кандидат ќе бидат:
– работa на центри за глодање со 3 и 5 оски со контролер на Хајденхајм,
– едноставно програмирање во програмата NCG CAM и основно програмирање на контролерот,
– производство на сложени делови од алатите,
– вршење на работни операции според барањата наведени во техничка документација,
– познавање на основни CAD програми – преглед на модели,
– познавање на основни материјали и нивна термичка обработка,
– контрола на извршената работа и управување со документацијата за самоконтролирање,
– подготовка на работното парче и алати за глодање и бушење,
– обработка на сложени компоненти на алати,
– самоодржување на машината според пропишаниот план,
– грижа за голема искористеност на машината,
– грижа за чисто и уредно работно место,
– почитување на прописите од областа на безбедноста при работа и екологијата,
– извршување на други работи во согласност со квалификациите на работникот и упатствата на работодавачот.

Од кандидатите очекуваме:
Oбразование: машински техничар, останати технички струки
– подготвеност за работа во смени,

– читање нацрти, скици и цртежи
– искуство со работа на ЦНЦ машини е пожелно
– точност,
– способност за тимска работа,
– организација на сопствената работа,
– чувство за простор и чистота.

На избраниот кандидат му нудиме:
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)

• обезбеден топол оброк

• додатоци на плата за сменска работа и други додатоци

• исплата на регрес за годишен одмор

• исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување

• награди и бонуси согласно покажани резултати

Аплицирајте на [email protected]  или посетете ја нашата веб страна  wwww.lthcastings.com најдоцна до 31/10/2024 година.

Ве очекуваме!

*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 120 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

StrugaOnline

Facebook Коментари