АО: Роџер Федерер е првиот финалист

- Останати
892

Роџер Федерер е првиот финалист во Мелбурн откако во полуфиналето го победи својот сонародник Стан Вавринка со 3-2 во сетови (7-5, 6-3, 1-6, 4-6, 6-3).

федерер

За швајцарскиот тенисер ова ќе биде 28. гранслем финале во кариерата,и тој е вториот највозрасен финалист во историјата по Кен Роузвел (39) на Us Open во 1974 година.Федерер нема освоено грен слем титула од 2012 година кога седми пат го освои Вимблдон.

Неговиот противник во финалето ќе биде познат по одигрувањето на вториот полуфинален меч меѓу Рафаел Надал и Григор Димитров утре наутро.

Facebook Коментари