Реномиранити музички уметници Татјана Џорлева и Ана Гацева на 08-ми ноември во концертната сала на Факулетот за музичка уметност во Скопје ќе одржат концерт за пијано четирирачно. На концертот за прв пат во нашата земја ќе бидат изведени дела од Морис Равел, Џорџ Лигети и Ерик Сати. Настанот е дел од манифестацијата “Есенски музички свечености”. Почетокот на концертот е закажан за 20:00 часот. Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари