Лука Симоноски и Марко Зафиров со ист број бодови го завршија финалето на државното првенство во шах

- Локални, Останати
962

Лука Симоноски од Струга  и Марко Зафиров освоија ист број на бодови во финалето на државнoто првенство во шах што се играше денеска во Струга. Според Бергеровиот систем Марко Зафиров е на прво, а Лука Симоноски е на второ место. На трето место во оваа У8 категорија во машка конкуренција заврши Матеј Диванисов.

Младиот и талентиран стружанец Лука Симоноски на ова државно првенство одигра осум партии, а на седум од нив беше победник.

Лука започнал да игра шах пред неполни две години, а веќе постигнува големи успеси.

Strugaonline

 

Facebook Коментари