Во тек се подготовките за поставување на новогодишните куќарки, кои официјално ќе бидат отворени на 20 декември. Со ова започнува празничната атмосфера што ќе го разубави центарот на градот и ќе им понуди на граѓаните и посетителите пријатен простор за дружење, забава и уживање во новогодишниот дух
Ovaa активност е дел од Новогодишната програма на Општина Струга, која и оваа година има за цел да создаде топла, жива и празнична атмосфера, со содржини наменети за сите генерации.
Ве очекуваме да бидете дел од празничната приказна на Струга, порачуваат од Општина Струга.
StrugaOnline