„И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“ e насловот на втората поетска книга на Дарко Лешоски, современ поет познат по својата оригиналност во изразувањето. Промоцијата е закажана за среда, 12 јули, со почеток во 20 часот, во Музејот на современа уметност.
За симболиката и суштината на оваа стихозбирка и самиот насловот кој е креативен, но истовремено и мистериозен, ќе дознаеме кога ќе ги прочитаме стиховите и ќе ја откриеме загатката со која Дарко Лешоски ‘ќе ги испрати своите нови уметнички пораки преку стихови до читателите.
Извор: Strugaonline
Фото: Дарко Лешоски fb
Facebook Коментари