Време-Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 32 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, локално и во форма на невреме. Дневната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Facebook Коментари