Време-Сончево и топло со умерена облачност, попладне пороен дожд и грмежи

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени. Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 29 до 36 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари