
Во рамки на прва А лига во женска конкуренција, во трето коло, ЖКК Струга 2009 загуби од ЖКК Вардар со резултат 63:61 (06:18;19:13;20:13;18:17) .
Најдобри во нашата екипа беа: Томпсон со 25 поени и 12 скокови, Шеќероска 17 поени и 9 скокови, Стојаноска постигна 7 поени, 4 скокови и 5 асистенции. Устијаноска постигна 6 поени и 5 скокови, Џутеска 4 поени и 5 скокови, а Зендели постигна 2 поени. Во редовите на Вардар најдобри беа Пејкоска со 15 поени и Петкоска со 12 поени и исто толку скокови.

,,Овој натпревар го оправда епитетот ,,дерби на колото“. Честитки за екипата на Вардар, но и на моите кошаркарки за прикажаната игра. За жал, иако во поголем дел од натпреварот бевме во водство, не успеавме да забележиме трета победа во низа. Причина за поразот е лошиот шут, посебно тој за три поени каде од дваесет обиди реализиравме само еден. Меѓутоа, многу сум разочаран од судењето на овој натпревар, ние никогаш не бараме оправдување во судиии, меѓутоа можам да кажам дека судијата со своите тенденциозни одлуки директно го реши прашањето за тоа кој ќе биде победник.,, – изјави Владимир Ѓоровиќ, тренер на ЖКК Струга 2009
Тој додава дека продолжуваат со уште поинтензивни тренинзи и се подготвуваат за следното коло и гостувањето во Кавадарци кај екипата на Пробаскет.
Strugaonline
Facebook Коментари