Александра Лакрабер си оди од ЖРК Вардар, ќе го носи дресот на Флери од Франција

- Спорт
1212

За Александра Лакрабер ова е последна сезона кога го носи дресот на ЖРК Вардар. Таа се договорила со тимот на Флери во кој заминува во јуни следната година.

Лакрабер дојде во Вардар во летото во 2016 година, но сега се враќа во својата земја и тоа токму во тимот кој  во 2015 година беше првак на Франција. Претходно, проструи веста дека Сираба Дембеле се враќа во Франција, односно ќе го носи дресот на Тулон, што значи дека Лакрабер е втора ракометарка која заминува во Франција, а била во редовите на Вардар.

Извор: 24rakomet

Фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари