Аргентина е првиот финалист на Светското првенство во Катар. откако со 3-0 ја совлада селекцијата на Хрватска.
Аргентинците поведоа во 34. минута преку Лионел Меси од пенал, откако во шеснаесетникот беше фаулиран Хулијан Алварез, само пет минути подоцна токму Алварез го зголеми водството на 2-0.
Во продолжението Алварез во 69. минута со својот втор гол на натпреварот на асистенција на Меси ја запечати победата на Аргентина.
Противник на аргентинската репрезентација во финалето ќе биде победникот од денешниот дуел меѓу бранителот на титулата Франција и селекцијата на Мароко.
Финалето е на програмата на 18 декември од 20:00 часот во Лусаил.
Facebook Коментари