Арпад Штербик, голманот на Вардар нема да оди во пензија на крајот на оваа спортска сезона, наместо тоа тој се враќа во Веспрем, каде играше пред многу години. Од Веспрем потврдиле дека Штербик и Роланд Миклер ќе го сочинуваат голманското дуо на тимот.
Сосема е јасно дека со заминувањето на Арпад Штербик Вардар губи многу, посебно ако се земе во предвид дека токму тој беше еден од главните играчи на македонскиот првак во минатата сезона, кога Вардарци стигнаа до европската круна, а слични перформанси на голот прикажува и оваа сезона, па во неколку наврати беше спасителот на тимот на Гонзалес. Наскоро треба да се знае кој ќе го замени Штербик на голот на Вардар.
Извор:24rakomet
Strugaonline
Facebook Коментари