Безмалку седум години чекаа кошаркарите на Атланта за повторно да ја почувствуваат сласта на победата над Сан Антонио. И ете, Хокси истата ја дочекаа на почетокот на 2017 година. По 11 последователни порази, Атланта ги надигра „Мамузите“. Повторно на свој терен и по продолженија, исто како и на стартот од втората деценија од 21. век – 114:112.
Атланта до победата ги водеше Пол Милсап, кој за цели 46 минути на паркетот направи 32 поени и 13 скока. Токму Милсап ја уништи противничката одбрана на влезот во последната четвртина и направената предност на ривалот ја топеше лесно.
Спарси можеа да дојдат до победата уште во регуларниот тек, но офанзивниот скок на Ленард на 11 секунди до крајот не се претвори во кош. А потоа Атланта продолжението го отвори со две врзани тројки и така стекна голема и недостижна предност.
Лејкерси на крајот имаа 15 уфрлени тројки, со 28 поени на Д’Анџело Расел и 26 поени на Ник Јанг, но сето тоа беше премалку за силниот Торонто.
НБА резултати:
Атланта – Сан Антонио 114:112 (по продолжение)
Индијана – Орландо 117:104
Мајами – Детроит 98:107
Минесота – Портланд 89:95
ЛА Лејкерс – Торонто 114:123
Facebook Коментари