Баксузен викенд за машката и женската ракометна екипа на Вардар

- Спорт
980

Вардар својата шанса за освојување на првото место во групата и директниот пласман во четврт-финалето на ЛШ ќе ја бара на свој терен следниот викенд. Вардар на гостувањето кај Мешков не освои ниту бод, а домаќините на крај се радуваа на триумф, 30-26 и е прва победа за Белорусите против Вардар во ЛШ.

И по ова „баксузно” 13. коло во Б групата, Вардар остана лидер. Вардар загуби од Мешков Брест, а истата судбина ги снајде и Рајн Некар кај Целје, и Кјелце кај Кристијанштад. Вардарци остануваат на првото место со 18 бода, еден повеќе од Рајн Некар и два повеќе од Кјелце.

Истата судбина ги снајде и ракометарките на ЖРК Вардар кои катастрофално изгубија од екипата на Мец (42:28), во претпоследниот натпревар од фазата по групи во Лигата на шампионите. Вардарки по вториот пораз во низа сега се на второто место на табелата во Групата 1.

Вардар во Мец не наликуваше на тим кој атакува на титулата во Лигата на шампионите и ќе треба да се преиспитаат, да ги согледаат и поправат грешките кои ги имаа во последните два натпревари.

Facebook Коментари