Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Германија. Избраничките на селекторот Симе Симовски беа поразени во СРЦ „Кале“ од одличната Шведска со 20:31 и со негатива од 11 голови ќе патуваат во Истад на реванш дуелот.
Освен мечот меѓу Македонија и Шведска во рамките на бараж дуелите за пласман на Мундијалот во Германија, на европските ракометни терени се одиграа уште осум такви средби. Сите фаворите забележаа убедливи победи и веќе со една нога се на Светското првенство.
Најинтересно беше на средбата меѓу Хрватска и Словенија, каде победија гостинките со 23:28. Домашните играа без Андреа Пенезиќ и без Андреа Човиќ, па немаа големи шанси против расположените Словенки, за кои Барбара Лазовиќ даде 2 гола, додека екс вардарката Мавсар даде 6 голови.
Црна Гора без Андреа Кликовац беше убедлива против Белорусија со 33:26, додека Србија со екс вардарката Сања Дамњановиќ немаше проблеми кај Италија и победи со 23:33, а единствено само Шпанија иако водеше со 6 разлика на полувреме, мораше на крај да се задоволи само со реми кај Украина.
Бараж за СП:
Црна Гора – Белорусија 33:26
Македонија – Шведска 20:31
Русија – Полска 31:20
Чешка – Турција 29:25
Хрватска – Словенија 23:28
Унгарија – Словачка 28:19
Италија – Србија 23:33
Романија – Австриј 34:29
Украина – Чешка 24:24
Facebook Коментари