Фудбалерите на Барселона ги издржаа налетите на Атлетико и со многу среќа изборија пласман во финалето во Купот на Кралот. Барселона го мина Атлетико благодарение на победата во првиот меч 2:1, а во реваншот на домашен терен одигра 1:1.
Како ретко кога Барселона беше надиграна во 90 минути, а мечот го заврши со двајца фудбалери помалку. Атлетико промаши неколку сериозни шанси, меѓу кои и пенал, а му беше поништен и регуларен гол.
Тимот на Симеоне целосно ја разби играта на Барселона, која не функционираше во средниот ред каде Луис Енрике започна со Андре Гомеш, Ракитиќ и Денис Суарез.
Барса избори финале, каде ќе игра без Луис Суарез кој направи неверојатна глупост, откако за само пет минути доби два жолти картони. Најпрвин во 87 минута направи непотребен фаул, а во 92 минута во борба за топка тој удри противнички играч.
Во финалето Барселона ќе игра против Алавес или Селта. Овие две екипи реваншот ќе го одиграат в среда, а првиот меч заврши 0:0.
Facebook Коментари