Барселона вчера славеше голема победа на Реал Мадрид со 3:0, со овој резултат Каталонците влегуваат во шестото историско финале по ред во во Копа дел Реј.

Ова е значаен натпревар и поради тоа што Барселона за прв пат после 87 години успеа да се израмни со „Кралскиот клуб“ по бројот на победи во меѓусебните дуели.
Слободно може да се каже дека играч на овој натпревар беше Луис Суарез, додека пак на спротивната страна младата фудбалска sвезда Виничиус Жуниор шест пати целеше кон голот на противниците но ниту еднаш не успеа да погоди.
Во второто полуфинале денеска силите ќе ги одмерат Валенсија и Бетис