Богат викенд за ЖРК Стружанка каде кадетките се вицешампиони на Македонија

- Локални, Спорт
275

Викендов во Битола се одржа Фајнал фор во Кадетската женска лига во ракомет, стручниот штаб на ЖРК Стружанка беше растргнат на две страни и покрај нивното реагирање до Ракометната Федерација на Македонија и до колегите од ЖРК Спартак натпреварот против нив да се одигра друг ден, сепак, беа приморани да ги одиграат натпреварите во ист ден одалечени 200 километри еден меѓу друг.

ЖРК Стружанка на завршниот турнир во Кадетската женска лига, на првиот натпревар против ЖРК Металург од Скопје одигра одлично и победија со резултат 22:19 (9:9 на полувреме).

Најефикасни кај стружанките беа Јана Петреска со 10 погодоци, Бојана Билкова 4, Ангела Опетческа и Марија Маркоска 3 гола, Јована Петреска и Антонија Переска со 1 гол и стигнаа до финалето каде што играа против ЖРК Вардар, но за жал загубија со 32-17.

Сениорките пак на Стружанка изгубија од Спартак, ЖРК Спартак – ЖРК Стружанка 30:27 (14:12 на полувреме).

-Спартак успеа да не надигра но за жал, младите и неискусни „домашни“ судии по втор пат за месец дена, и во Свети Николе и во Скопје, не ни дозволија да победиме со нивниот нееднаков критериум на судење чекори, пенали и исклучувања. Вака како домашни судии не се напредува во судењето кога тренер ви кажува што да судите, реагираат од ЖРК Стружанка.

Најефикасни кај стружанките беа Раткушиноска Маја со 7 гола, Маркоска Теодора и Переска Тијана со 5, Миновска Ива и Затуроска Ивана со 4, и Блажеска Викторија со 2 гола.

StrugaOnline

Facebook Коментари