Новиот тренет на машката ракометна репрезентација на Македонија Раул Гонзалес, го објави првиот список, тој до РФМ достави листа од 28 ракометари, од кои ќе се бараат 16, што ќе настапат на двата квалификациски дуели со Исланд. Лино Червар направи голема грешка што не го стави Борко Ристовски на светското во Франција, но новиот тренер го враќа во националниот тим голманот на Барселона, Борко Ристовски, кој заедно со Мартин Томовски, Кирил Колев, Никола Митревски и Даниел Ѓорѓески ја сочинуваат петорката меѓу стативите. Во споредба со СП во Франција, го нема Благојче Трајкоски од Охрид.
Македонија на 4 мај во Скопје и на 7 мај во Рејкјавик ќе ги одигра двата квалификациски натпревари за пласман на ЕП во Хрватска. Досега билансот е една победа дома над Украина, како и пораз од Чешка.
Facebook Коментари